Делегација на Левица оствари средба со Комунистичката Партија на Руската Федерација по повод сто години од формирањето на Советските Пионери

haktan rusija

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На 19-ти мај 1922 година, за прв пат во Советскиот Сојуз била формирана организација за деца и младинци, позната како „Советски пионери“. Идејата за формирање на ваква организација дошла од страна на Инокетниј Жуков, како истакнат советски извидник, и педагогот и сопругата на Ленин, Надежда Крупскаја.

Во 1930-та година, оваа организација станува дел од официјалното образование во Советскиот сојуз, која постои се до 1991 година. После распадот на СССР, традицијата на пионерството продолжува во рамките на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), која секоја година, на 19-ти мај го одбележува овој ден, преку организирање на најразлични активности за деца и млади.

Денеска, по повод 100 годишнината од формирањето на пионерската организација на Советскиот Сојуз, делегацијата на Левица, составена од членот на Президиумот, Реџеп Исмаил и координаторот на Сектор – Надворешна политика, Александар Симонов, учествуваа на централната прослава организирана од КПРФ на Црвениот плоштад во Москва. На настанот, како гости земаа учество уште и делегации од Народна Република Кина, Куба, Демократска Народна Република Кореа, Виетнам и Северна Осетија.

Во рамки на прославата, нашите претставници остварија средба со лидерот на КПРФ, другарот Генадиј Зјуганов, раководството на партијата и дел од пратениците во Државната дума на Руската Федерација.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

22 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ