По повод 30 години од АСНОМ во тогашна Југославија, собранието на Република Македонија донесува одлука за изградба на 30 Домови на Културата во 30 градови низ републиката.
Во 1974 година градот Делчево го добива овој грандиозен објект кој и ден денес го има во историските записи за еден од најубавите домови на културата, изграден како Меморијален културен центар во чест на Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија!
За жал од “Независноста” на Македонија овој Дом на Културата е оставен на забот на времето, салата со 600 седишта и подвижна бина до ден денес не е завршена а состојбата од година во година сѐ повеќе се влошува.
Во невремето кое го зафати градот Делчево на 25.06.2022 година, доаѓа до оштетување на кровната конструкција но за среќа прави минимална штета. До ден денес градските власти немаат идеја (или не сакаат) како да се санираат оштетувањата и покрај тоа што седиштето на Општина Делчево се наоѓа во овој Културен дом?
Алармантно загрижувачки е и тоа што во близина на овој објект се наоѓаат училиштето “Ванчо Прќе”, градинката ”Весели Цветови” и градскиот пазар каде што секојдневно поминуваат деца и родители со што се доведува во прашање нивната безбедност.
Во 32 години од “Самостојна” Македонија, трошењето на милиони евра во партиски вработувања, криминал и корупција, непродуктивни трошоци, безидејност и немањето почит кон овие културни споменици, е местото каде што сме денес!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
ЛО ДЕЛЧЕВО
21.02.2023