ДУИ ја саботира судската постапка за трагедијата кај Ласкарци – Граѓаните корупцијата ја плаќаат со својот живот!

ласкарци1

Четири години по автобуската несреќа кај Ласкарци во која животот го загубија 16 лица, со отсуство на најмала емпатија кон жртвите и нивните семејства, ДУИ продолжува да ја саботира кривичната постапка која се води против компанијата блиска до ДУИ, „Дурмо турс“ и нејзините сопственици.

По повеќегодишно развлекување на судската постапка, сега повеќе од една година не е завршено супер вештачењето, кое треба да го изработи Бирото за судско вештачење, раководено од претседателот на огранокот на ДУИ во Гостивар, ВАЛДЕТ ЏАФЕРИ.

Еден од вештаците определени да го изработат вештачењето, исто така член на ДУИ, денес повторно не се појави на судењето и не достави документација за оправдување на таквото отсуство.

Со ваквото бескрупулозно однесување, ДУИ уште еднаш докажува дека нивна единствена грижа се бизнис партнерите, криминалите и финансиерите, а животот на обичниот Албанец го множи со нула! Додека елитите на ДУИ се недопирливи и приграбуваат милиони, западна Македонија масовно се иселува, а граѓаните сé почесто ги губат своите најблиски во трагедии предизвикани од неказнивоста и корумпираноста на компании блиски до ДУИ, како што се озлогласените Беса Транс и Дурмо Турс.

Левица се залага за беспоштедна и неселективна борба против корупцијата и подобар живот за сите работници во Македонија, без разлика на националната или етничка припадност или религија. Ги повикуваме граѓаните да се спротистават на две децениското кирминално владеење на ДУИ, кои заедно со нивните коалициони партнери СДС и ДПМНЕ целосно ја имаат заробено државата!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

10.02.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ