ДУИ предлага закон за даночни и царински ослободувања на „Бехтел и Енка“ во скратена постапка

photo_2023-04-07_11-07-22

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Собранискиот спикер Џафери закажа итна седница за понеделник, на која власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, поврзани со коридорите 8 и 10 Д. Со овие предлог-закони, номинираниот стратешки партнер „Бехтел и Енка“, како и сите учесници во овие проекти ќе добијат бројни даночни, царински олеснувања и дополнителни народни пари и привилегии!

Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес се овозможува ослободување од данок на додадена вредност (со право на одбивка на претходен данок) и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги кој е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон Стратешкиот инвеститор за цели на проектот од овој закон.

Исто така, со предлозите се предвидува ослободување од данок на додадена вредност, увозни давачки и данок на моторни возила („pick-up“ возила) на увозот кој е извршен од страна на Стратешкиот партнер за целите на овој проект.

Потсетуваме дека контроверзниот американско-турски конзорциум „Бехтел и Енка“ беше номиниран за стратешки партнер за имплементација на проектите за изградба на коридорите 8 и 10 Д во јули 2021 година. И покрај многубројните остри критики и иницијативата на ДКСК за оспорување на овој закон (затоа што ги крши уставните начела против монополската положба) Уставен суд ја отфрли иницијативата на Антикорупциската комисија.

Левица беше против специјалниот закон кој беше изгласан во Собрание, со што американско-турскиот конзорциум ја доби изградбата на Коридорот 8 без спроведување тендер. Без транспарентна постапка за јавни набавки, „Бехтел и Енка“ стана стратешки партнер со монополска положба.

Со овој предлог закон се овозможува дополнително да профитираат и инвеститорот и стратешкиот партнер на штета на државата и македонските граѓани, со што ќе ги бетонираат стекнатите монополски права, преку низа даночни и царински ослободувања на сметка на Буџетот во најголемата економска криза.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

07.04.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ