(Видео) Јованоски: Екс премиерот Заев повторно не се појави на судскиот процес за инцидентот на 11 Октомври

Иван Јованоски Зоран Заев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Екс премиерот Зоран Заев ниту денеска не се појави на третото и последно рочиште од судскиот процес кој во Прилеп се води против локалниот модератор на Левица, Иван Јованоски, кој е обвинет за нарушување на јавниот ред и мир и омаловажување на екс премиерот за инцидентот кој се случи лани за празникот 11 Октомври на Паркот на Револуцијата, во моментот кога Заев полагаше цвеќе.

Единствено се појави полицискиот службеник кој се имаше потпишано на пријaвата за прекршокот, кој денеска изјавил дека не бил лично присутен на настанот.

„Полициски службеник кој го имаше потпишано, констатирано прекршокот, а кој бил заснован на докази и информации што ги добил од негови колеги, а истото тоа лице во моментот на случувањето на настанот не бил ни присутен на местото, а не бил ниту на смена“, истакна Иван Јованоски, локален модератор на огранокот на Левица во Прилеп.

Јованоски вели дека и понатаму не се чувствува виновен за ништо и сега само ја чека пресудата за случајот. Најавува и контра тужби кон МВР и вели дека доколку ги добие тие дела парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

15.09.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ