Герасимовски лаже и го продолжува проектот на ДПМНЕ за масакр на Водно

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Веќе неколку пати во јавноста се алармира за изградба на Водно, во спорниот ДУП Ј07, а граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со инвеститорите кои не се откажуваат од градба и политичката елита која ја храни оваа агонија која трае веќе осум години.

Станува збор за истите плацеви за кои во 2015 се објавуваа „бомби“ и за кои постои правосилна пресуда, но, иако во Општина Центар оттогаш се сменија веќе три градоначалници на СДС, врските помеѓу големите партии и урбанистичката мафија победија и се обелодени бесрамното манипулирање со граѓаните и последователното уништување на условите за живот.

На парцелата на која е започната градба (КП1309/3, КО Центар 2) и која е во сопственост на МАРКЕЗА ДООЕЛ, е издадено одобрение за градење за објект А1-домување во станбени куќи, во кои максимална висина е 10,20м (Приземје + 2ката + Поткровје), дозволени се 4 станбени едниници. Но, во проектна документација е предвиден број на водомери и струјомери кој далеку го НАДМИНУВА бројот на станови, од што може да се изведе заклучок дека инвеститорот има намера вон општински, односно судски, со злоупотреба на медијација, да изврши физичка делба и упис во катастар на спорниот објект.

347255901 1431360667666868 5712569314096493755 n

Настрана издавањето на дозвола за градба во оваа зона, чин на кој кумувал и поранешниот градоначалник Тодоровиќ, eдинствен начин на кој што сегашниот градоначалник Герасимовски се „обидува“ да се справи е со латентно ветување дека „нема да се изведе пристапен пат“. Наместо да се служи со целиот арсенал кој му е на располагање, почнувајќи од службите на општината, да направи ревизија на управната постапка за добивање на дозволата за градба, доколку има недостатоци да поведе спор пред Управниот суд, да се направи истрага за која работа секако има и за државната комисија за спречување на корупција, јавното обвинителство и одделението за организиран криминал, градоначалникот манипулира, бидејќи градбата продолжува. И не само на спорната парцела, туку и во други лозја се започнати градежни активности кои се стопирани од градежната инспекција. На колку време, останува да видиме.

Сето ова е плод на неколку штетни закони, меѓу кои и Законот за денационализација, популистичкиот Закон за легализација на бесправно изградени објекти, со кој се дава до знаење на мафијата дека и ако градат дивоградби, во иднина и со некој друг закон, тие ќе се легализираат. Згора на тоа, Законот за градење и правилниците за урбанистичко планирање редовно се ескивираат.

Систематско уништување на градовите и државата од страна на политичарите и олигархијата може да се спречи единствено со целосна промена на досегашната политичка констелација и изборна победа на луѓе за кои јавниот интерес секогаш предничи пред приватниот.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.05.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ