Големо не за европскиот отпад!

зелен сектор

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во Македонија се почеста e практиката сомнителни фирми да увезуваат отпад од европските земји, коишто едвај чекаат да се ослободат од отпад што не може да се преработува, и како таков претставува сериозна еколошка закана. Македонија, како еколошки неразвиена и корумпирана држава, е совршена дестинација за ваков тип на ѓубре и е погодно тло за луѓе кои ги интересираат исклучиво пари и заработка. Неколку такви фирми изминатите години ја вознемирија јавноста со увоз на ваков сомнителен тип на отпад. Здруженија на граѓани од Гевгелија јасно дадоа до знаење дека нема да дозволат Гевгелија да стане депонија зa европскиот отпад.

По неуспешниот обид да се отвори погон за производство на RDF гориво во Гевгелијa, бидејќи тој би бил во непосредна близина на градот и во реон кадешто има пекарница и лесни индустрии, повторно имаше обиди за сличен вид на индустрија, овојпат за производство на SRF гориво.

Нашите закони не дозволуваат производство на RDF гориво, но затоа пак производството на SRF горивото не е законски регулирано.

Од Општина Гевгелија досега добиваа негативни мислења за ваков вид на преработувачка индустрија, но, тоа не ги спречуваше во остварувањето на нивната агенда. Гевгелија нема да дозволи највалканиот отпад од Европа да се увезува во Македонија и тука да се преработува. Наместо инвестиции во зелени и чисти технологии, ние од ЕУ добиваме смет што треба да го преработиме.

Политичката партија Левица се заложувa единствено да биде преработен отпадот што се собира во нашата држава во преработувачки капацитети што не ја загадуваат животната средина.

За читателите да добијат појасна слика, приложуваме дополнително објаснување за ваквите горива:

RDF (refuse derived fuel) се произведува од отпадна амбалажа (картон, пластика), отпадоци од текстил, автомобилски гуми, индустриски отпад.

SRF (solid recovered fuel) е поквалитетно и покалорично гориво.

РДФ/СРФ горивото по својот хемиски состав е слично на фосилните горива,како што е камениот јаглен.

1 тон РДФ гориво заменува 0,7 тони камен јаглен.

Видови на отпад што не смеат да се најдат во составот на РДФ/СРФ горивото се: медицински отпад, азбест, дрво третирано со хемикалии, батерии и акумулатори и материи со висока содржина на минерали.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Зелен Сектор

21 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ