Градоначалникот Јорданов ја сруши фонтаната со сонцето од Кутлеш

Утринава без никаква најава, одлука на Совет, транспатентно решение од надлежен инспектор, или проект за градење на новата “модерна фонтана”, до темел беше срушена постоечката, која се наоѓаше позади Гимназијата во центарот на Штип.

Оваа фонтана која во 2015 година, камен по камен беше рачно изработена и претставуваше своевидно уметничко дело, општинските багери без никаков респект, преку ноќ ја срамнија со земја.

И кога сите очекуваа тоа да го направи СДС бидејќи во централниот дел на фонтаната беше врежано Сонцето од Кутлеш, по 7 години постоење и по промена на тројца Градоначалници, четвртиот – од редовите на ДПМНЕ ја реши оваа „мистерија“.

Не така одамна, во периодот после потпишувањето на Преспанскиот договор, кога беа брусени металните шахти на кои беше излиено Сонцето од Кутлеш, „патриотската“ ДПМНЕ правеше театри и прес конференции, цврсто противејќи се на потегот на владата на СДС.

320519408 1361043137764952 5672011973233180379 n

Денеска, после само 4 години од тој, за Македонците – предавнички договор, Градоначалник од ДПМНЕ го прави истото кое го правеа тогашните структури на СДС.

Дали општинските власти во Штип преку бришењето на ваквите македонски симболи, оркестрирано соработуваат со СДС или пак одработуваат за некакви Грчки агенди?

Како и да е, едно е сигурно. Со ваквите антимакедонски потези, на дело се покажува дека Дпмне и Сдс се двете лица на една иста паричка.

Од Левица – Штип прашуваме:

Зошто место долгонајавуваната реконструкција на кровот на Гимназијата што е крајно небезбеден за учениците, за вработените и за пешаците, власта се дрзна да растури нешто што беше уредено?

Факт е дека фонтаната со месеци не се чистеше. И место чистење, на дело се случи рушење.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
23.12.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ