Во тетовската општина јавните претпријатија се пренатрупани со долгови. Меѓу најпопуларните, е случајот со Јавното претпријатие “Градски паркинг – Тетово“.
Работата на ова претпријатие уште од 2018 година се најде во серија на сериозни законски прекршувања. Ова претпријатие со месеци им нема исплатено плата на своите вработени. Тие се гневни, но се плашат јавно да проговорат.
Поради лошото финансиско работење на претходната градоначалничка, ова јавно претпријатие остана со блокирана сметка.
Надлежните ституции наместо да ги преземат сите мерки, тие молчат за одговорноста на работодавачите кои грубо ги кршат работничките права.
Левица го повикува сегашниот новоназначен директор на ова претпријатие Игор Додевски, да постапи со должно внимание согласно своите надлежности и да бара и изнајде начин да им ги исплати заостанатите плати на своите вработени.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
29 декември, 2021