Иницијатива на Левица – Гази Баба за решавање на проблемот со јавниот транспорт во Ќерамидница

гази баба

Недозволиво е во Град Скопје, населба која граничи со Аеродром, Центар и Автокоманда да нема автобуска линија. Покрај специфичната географска позиција на Ќерамидница, за жителите од таа населба такво е секојдневието.

gbДосегашните власти имаат придонес за тоа жителите да мораат да пешачат по неколку километри во одреден правец за да дојдат до автобуска постојка. Пасивноста на општинските и градските власти ги остава луѓето на милост или немилост.

Дополнително, киломентарските патеки по кои пешачат и децата на школска возраст се слабо осветлени, со несоодветна сигнализација на улицита и немаат оптимално услови за општа безбедност на пешаците кои се НЕБЕЗБЕДНИ!

Од тие причини, потребно е да се воспостави автобуска линија која ќе минува низ ова населено место овозможувајќи им на граѓаните адекватен транспорт.

Левица – Гази Баба поднесе предлог точка на дневниот ред на 13-тата седница на Советот на општина Гази Баба, бидејќи се грижи за сите жители во општината и настојува да ги реши вечните проблеми во општината.

Членовите во Советот на Општина Гази Баба од Левица ќе се ангажираат до крајно решение на овој проблем на жителите на Ќерамидница.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГАЗИ БАБА

22.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ