Додека граѓаните на Кичево секој ден вдишуваат канцероген и премногу загаден воздух, мерната станица е исклучена. На страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање предводено од кадри на “ зелената “ ДУИ, не се достапни податоците за тоа каков воздух дишеме секој ден.
Градот кој се наоѓа во планинско подрачје последниве години постојано е помеѓу градовите со најзагаден воздух, а понекогаш и со најзагаден воздух. Зошто мерната станица е постојано исклучена? Дали пм честичките се премногу над дозволеното или се работи за нешто друго?
Знаеме дека најголем загадувач на Кичево е Рек Осломеј кој поради повеќедецениската негрижа на партиите на власт сеуште работи без филтри за прочистување! Меѓутоа, доколку би се инсталирале филтри за прочистување електраната би изгубила 10 – 15 % моќност на производство. Дали граѓаните со своето здравје треба да ја плаќаат цената на неспособноста на власта да се справи со енергетската криза , бидејќи Рек Осломеј е еден од малкуте преостанати капацитети за производство на струја?
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КИЧЕВО
16.12.2022