Итна оставка на Владата – на мало прехранбените производи качени за 16,5% индексот на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци за 17,6%

Левица Џиш _ Levica Dzhish

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Месечниот статистички извештај за јули, издаден од страна на Државниот завод за статистика, нуди низа на индикатори кои кристално јасно ја отсликуваат дегенеративната економска политика на социјал-демократската влада. Индексите на трошоците за живот и цените на мало од вториот квартал во 2022 во однос на вториот квартал во 2021 јасно покажуваат дека трошоците не сиромашните се и повисоки од инфлацијата.

Цените на мало за прехранбените производи се качени за 16.5%.

Индексот на трошок на живот за храна и безалкохолни пијалоци е качен за 17.6%.

299464993 635748374574897 6569926646224091151 n

Индексот на трошок на живот за домување, вода, електрика, гас и други горива е качен за 8.6% – без да се земе предвид новото поскапување на струјата!

Индексот на трошок на живот за транспорт е качен вртоглави 25.8%!

За споредба, инфлацијата на крајот на вториот квартал во 2022 (месец јуни) изнесуваше 14.5%. Тоа што инфлацијата во јули порасна на 16% е индикативно дека сегашните трошоци на живот се уште повисоки!

Владата на СДСМ и ДУИ нема волја да се грижи за сиромашните граѓани, ниту пак да застане на страната на безимотните класи во општеството. Додека профитот на олигархијата расте, власта нема политичка волја истиот прогресивно да го оданочи. Свесно се дозволува продлабочување на класниот јаз, катализирано со државни финансирања на приватни фирми тешки стотици милиони евра само затоа што се блиски до власта, обесхрабрување на протести против падот на стандардот на живот, поткупување на синдикалци кои организираат штрајкови и корупција и непотизам кои не дозволуваат адекватно спроведување и на малкуте воспоставени или најавени антикризни мерки.

Поради комплетно отстапување од своите номинални заложби и програмски цели врз база на кои била избрана, како и поради целосното откажување од застапувањето на интересите на сиромашните, безимотните класи и работниците и нивно оставање на цедило, оваа влада под итно мора да поднесе оставка и Собранието да распише предвремени избори за народот да избере власт која што навистина ќе ги застапува неговите интереси.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

16.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ