„На официјалната страна на ДИК, во СТРУГА во 02:28 часот (после полноќ) Левица имат 1.078 гласа. Нареден ден, резултатот за Левица се НАМАЛУВА за 110 ГЛАСА и тој е конечниот резултат за Струга.
Погодете: Резултатот на ВЛЕН се зголемил за 110 гласа (идентично!). На кој му одговара да ја минира Левица, а да го крева Влен, оставам на вас да процените.
Иако залудни се сите обиди за манипулации, уцени, притисоци и закани – не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“ – напиша новиот пратеник Јована Мојсоска на социјалната мрежа фејсбук.