Кирил Пецаков – Градоначалникот на Охрид додека бил пратеник за 12 месеци потрошил 151.880 денари за патни трошоци

OHRID PATNI TROSHOCI

Наместо неконтролираното трошење на народни пари за патувања со приватни шофери и луксузни автомобили, сакаме да го потсетиме градоначалникот дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да се стиге до работното место како што патуваат општите работници.

Пратениците од политичката партија Левица – Димитар Апасиев и Борислав Крмов се единствените кои преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните трошоци, односно тие имаат 0 (НУЛА) денари за патни трошоци!

Охриѓани уште еднаш ги информираме дека беше одбиена предложената точка од Левица за законски измени да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои имаат плати повисоки од 1.000 евра) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија.

Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги укине патните трошоци на пратениците!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Охрид

26 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ