Коалицијата помеѓу ДПМНЕ, СДСМ и Поинаку, едногласни за легализацијата на Горан Козаров, поранешен Директор на ЈП Водовод и бивш кандидат за Пратеник од СДСМ

козаров

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пред да не обвинат нека се засрамат!

Како советници од Левица сме обвинети за опструкција за легализација од страна на најголемите политички партии кои функционираат како едно кога се во прашање партиски функционери, иако наредна комисија за Урбанизам и животна средина е закажана понеделник пред седница.

Додека за обичниот граѓанин нема правда, нема да има ниту за партиски функционери.

Во прилог сакаме да им испратиле на граѓаните цврсти докази како се гласаше на 9-та седница во Совет, точка бр.14!

Од градоначалникот Коњановски до комисијата за урбанизам пристигна предмет кој гласи:

“Предмет за проширување на програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

Одобрени барања за иницирање на постапка за урбанистички проекти”.

Ова штетно урбанистичко планирање за изградба на фотоволтаици и урбани објекти на плодна површина, вон законски услови, секогаш ќе бидат опструирани од советниците на Левица, додека градоначалникот заедно со ДПМНЕ, СДСМ И Поинаку става приоритетен предмет на бивш висок функционер, додека обичните граѓани чекаат со десетици години.

Како што можеме да констатираме од материјалите, се соочуваме со урбанистички план КП 567/2 КО Нижеполе, во сопственост на Горан Козаров, бивш директор на ЈП Водовод и бивш кандидат за пратеник од редовите на СДСМ.

Како прва одлука во материјалите од точка бр.14, широката коалиција гласа ЗА, додека двајцата советници на Левица се против.

Според тврдењето на ДПМНЕ, се решиле 150 предмети за легализација, некои од 2011, а некои со приоритет како за функционерите на СДСМ и ДПМНЕ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Битола

27 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ