До Левица ЛО Делчево секојдневно пристигнуваат жалби, поплаки и молби за помош од работници, коишто работат во текстилните фабрики во Општина Делчево, а кои се однесуваат на наводни кршења на работничките права.
Согласно информациите, коишто ги добиваме непосредно од страна на работниците вработени во Делчево, во голем дел од конфекциите и останатите фирми не се дозволува користење на боледување, не се исплаќа минимално загарантираната плата по разни основи, работниот стаж не се подмирува редовно, па поради тоа, има работници кои што реално работеле 20 години а им се евидентирани 10.
Покрај претходно наведените кршења на работничките права, чести се и поплаките за претрпен мобинг, дискриминација и присилби за потпишување на бланко листови – нешто што е НЕДОЗВОЛИВО!
Поради големиот страв, којшто е застапен помеѓу работниците, мал е бројот на лица, коишто сакаат јавно да говорат за овие проблеми, но тоа не е причина ние како работничка партија да ја занемариме оваа појава!
Затоа Левица, како работничка партија, која што се залага за правата и интересите на работниците, ги охрабрува сите оние чиишто права се прекршени и коишто сакаат да им се помогне од наша страна, да не’ контактираат, со цел ние навремено и квалитетно помогнеме, за да се реши нивниот статус.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
10 април, 2021