Левица препознава дека социјалната правда освен што подразбира искоренување на сиромаштијата, таа претставува и еднаков пристап до економските можности, ресурсите и достоинствен животен стандард за сите луѓе.
Ова значи решавање на системски прашања како што се дискриминацијата, родовата нееднаквост на работното место и домот, невработеноста, како и недостигот на пристап до здравствена заштита и образование.
Денес, на Меѓународниот ден на социјалната правда, Левица се солидаризира со сите оние кои се борат за поправеден и порамноправен свет. Овој ден служи како потсетник за тековната борба за социјална правда и потребата од континуирана акција.
Како социјалистичка партија, веруваме во создавање на општество каде што секој човек е ценет и има способност да го достигне својот целосен потенцијал.
На овој Меѓународен ден на социјалната правда, повторно да се посветиме на стремежот за свет кој е рамноправен и праведен.
20.02.2023