Левица обезбеди субвенции на социјално ранливи категории за набавка на велосипеди и тротинети

Левица Град Скопје

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Единствена зелена политика е црвена и социјално инклузивна!

Денес во Советот на Град Скопје е изгласана изменетата Програма за активностите од областа на социјална заштита во Град Скопје, со која сега се предвидува Субвенционирање на граѓани од социјално ранливи категории за набавка на велосипеди и тротинети, по основа на амандман на Левица.

303988060 191262903285065 853211683555314760 n

Ова субвенционирање ќе биде трето субвенционирање од овој тип, следејќи го општиот повик за субвенционирање на граѓаните на Скопје и повикот за субвенции за младите од 15 до 29 години.

Препознавајќи ја дихотомијата помеѓу популизмот и ефективноста, советниците од Левица поставија преседан за овој тип субвенции, бидејќи општиот повик за субвенции покрај милозвучноста остава простор за злоупотреба.

За младите и граѓаните од социјално ранливите категории овие велосипеди со голема веројатност можат да бидат примарно превозно средство. Со оглед на економската и институционалната централизација во градот, пристапот до превозно средство е од императивно значење.

Општите повици низ годините се наменети за стимулирање на користење на алтернативен превоз за позитивен ефект на животната средина. Сепак, вистински подобрувања во оваа насока може само да има ако политиките се во насока на социјална инкулзија на граѓаните на Скопје од сите општествени класи.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГРАД СКОПЈЕ

31.08.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ