Левица оддаде почит на гробот на Јосип Броз Тито

316555887_712147163601684_2977562736956189888_n

По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата.

317528140 712146953601705 5057705776184451472 n 1

Македонците и антифашистичката ИДЕЈА победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната југословенска работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси.

316547852 712147046935029 6979278433635804548 n

Татковината на нашите предци и на нашето потомство – МАКЕДОНИЈА, во која македонскиот народ ја создава својата судбина, повторно е втурната во виорот на мрачните сили, кои водат кон расчеречување и враќање во одамна надминатото време и пред извојуваната слобода.

316952405 712147050268362 8324887277312904408 n

Под раководство на СДС, деновиве се одвива најцрната кампања против Левица. Истото СДС, чие раководство со потпишувањето на Преспанскиот договор и капитулацијата пред неофашистичките барања на Бугарија го исплука гробот на Ј.Б. Тито и ги згази идеалите на македонските партизани, на НОБ и АСНОМ.

Домашните предавници од врховистичката СДС и балистичката ДУИ, кои имаат една цел – да робуваме и никогаш слободни да не бидеме, оние кои распродадоа сè што имавме, немилосрдно ја напаѓаат Левица бидејќи, поучени од историјата, знаат дека народната идеја за слобода и национална слобода е онаа која неизбежно секогаш победува.

Во духот на македонскиот великан и социјалист, Коста Солев Рацин – Сепак НИЕ ќе победиме.

Да живее Македонија и македонскиот народ – да живее АСНОМ!

#АСНОМживее

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29.11.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ