Левица продолжува со поддршка на протестите поради криминалите во здравството

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Од првиот граѓански протест за скандалите на Клиниката за Онкологија, до ден-денес обвинителството не одговара на барањата на граѓаните – и понатаму немаат излезено со конкретни обвиненија во обид да се заборави на грозоморните скандали на Клиниката за Онкологија!

Левица продолжува со поддршка на протестите на граѓанската платформа со цел да се зголеми свеста, создаде притисок на институциите и да се апелира на кривична и морална одговорност за секој кој бил дел од криминалната мрежа за продажба на крадените цитостатици од државната онкологија на црниот пазар во Косово!

Обвинителството можеби не постапува со конкретни обвиненија, но затоа експресно ги зеде криминалните измени на Кривичниот Законик предвид и го преиначи делото на поранешниот директор Нино Васев, според изгласаните измени, по принципот на „поблаг закон“. Така, максималната казна со преиначувањето на кривичното дело според кое што Обвинителството го гони доктор Васев, од 5 години се намалува на 3 години во случај на евентуална осудителна пресуда. Исто така, со преиначувањето, делото застарува за кривичен прогон во ноември 2024 година.

385507196 893833945433004 7975764072168913270 n

Јасни се намерите на сите соучесници во криминалните измени на КЗ, како на партиите од власта кои гласаа, така и за партиите од опозицијата кои создадоа услови за гласање преку кворум, за аболиција на спрегите помеѓу политиката и криминалот кои резултираат со хуманитарна катастрофа во нашето општество.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

02.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ