Вчера се одржа XVIII Седница на Советот на Општина Свети Николе, каде се најдоа осум барања за поставување на фотоволтаични електрани, врз земјоделско и обработливо земјиште. Единствено советникот од Левица, гласаше против секоја од предлог – одлуките за трајна узурпација и уништување на плодното земјиште поради тоа што:
1. Со овие одлуки ќе се овозможи трајно узурпирање на земјоделското земјиште од кое егзистираат и живеат голем број луѓе, наши сограѓани, земјоделци и сточари, во корист на некои надворешни инвеститори, олигарси;
2. Земјоделско земјиште ќе се натрупа со потенцијален (иден) отпад, за кој во нашата општина ниту држава нема услови истиот да го уништи, а уште помалку да го рециклира;
3. По трајната узурпација на земјата од страна на крупниот капитал, неминовно следува и трајното онеспособување на земјиштето за било каква користење во иднина;
4. Предлог одлуките содржат земјиште од трета, четврта и пета категорија кои се обработливи и го загрозуваат производството на храна и земјоделството, но и земјиште од шеста категорија која ги уништува пасиштата во овчеполието;
5. Измени во ДУП-овите ќе финансираат самите инвеститори што значи дека во предвид ќе бидат земени само нивните лукративни интереси, а не јавниот интерес;
6. Левица акцентираше потребата од изработка на ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА за обновливи извори на енергија во котлината со која ќе се поставата рамка и ограничувања, пред донесување на било каква одлука за поставување на сончеви панели, бидејки постои опасност овчеполската котлина од еколошко подрачје кое создава храна, да се претвори во стаклена џунгла.
7. Сметаме дека од неконтролираното поставувањето на овие панели единствено корист може да има крупниот капитал и инвеститорот, а речиси никаков општината и граѓаните (може да се доведеме во ситуација во Свети Николе да произведуваме струја која никогаш нема да ја користат Светиниколчани, додека луѓето плаќаат енормно високи сметки и им се уништува земјоделското земјиште);
8. Посочивме дека народни избраници (Советниците) имаат задача е да го претставуваме интересот на народот и Општината, а не на Крупниот капитал.
Од осумте предлог одлуки, изгласани беа две со гласови ЗА на дел од советниците од двете политички партии.
Левица, предлага единствен инвеститор во вакви енергетски капацитети да бидат Општината и Државата, каде ќе биде претставен јавниот, а не приватниот интерес.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СВЕТИ НИКОЛЕ
24.09.2022