Левица со решенија за енергетската криза – Ковачевски и Мицкоски за профит на ЕВН

310762359_680584376757963_7005505307153036043_n

Во неколку наврати Левица ги критикува предлог решенијата кои заедничи ги нудат СДС, ДУИ и ДПМНЕ.

Воедно и предлага решенија, како тоа за ублажување на високите сметки за струја на јавните институции во сопственост на државата и општините.

Предлогот беше сите овие институции да ги снабдува државната ЕСМ Продажба, а не да бидат снабдувани на регулиран пазар од австриската ЕВН, со што би се избегнала маржата спрема приватната ЕВН.

Преку државната ЕСМ Продажба власта ќе може да ја контролира цената со дотации за увоз на енергијата која нема да успеат да ја произведат државните електрани.

Владата беше глува на реакциите на Левица, но, сега првиот регулатор Бислимовски како решенија го предложи предлогот на Левица.

Бислимовски дополнително обзнани дека профитот на австриската ЕВН ќе се зголеми од 5 до 7 милиони евра доколку се реализира заклучокот на власта, усогласен со ДПМНЕ.

Доколку премиерот го прифати предлогот на Левица, кој сега го побара регулаторот Бислимовски, тогаш, за да ја премостиме суетата на Ковачевски, го повикуваме Бислимовски во следна прилика да предложи прекин на распродажба на Чебрен и Галиште и останатите енергетски потенцијали на државата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
15.10.2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ