Левица Аеродром: Градоначалникот Муцунски се фали со проект на Марин – прокиснатите гаражи никој не ги споменува

Levica_LO_Aerodrom

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Како во минатото, за проектот Скопје 2014, така и денес фасадно, површински, правено исклучиво за надворешен изглед, без да се прикаже целосната слика, пиарџиски и фалбаџиски Општината Аеродром и службите промовираат нов, ултра модерен простор позади ТЦ Бисер.
Фалењето со туѓи проекти и китењето со туѓи перја, е воспоставена практика на триесет годишното владеење на елитите од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Но знаат ли Општина Аеродром и Градоначалникот Тимчо, дека сопствениците на гаражите под оваа “реконструкција”, поради нестручна и најверојатно “штедлива” изолација имаат големи штети врз својот имот и стравуваат пред секој дожд и снег. Тие побараа помош од советниците на Левица Аеродром бидејќи во службите чиновниците ем ГЛУВИ при УШИ ем СЛЕПИ при ОЧИ, па уште и дрски.
Ние денес ќе поставиме советничко прашање, зошто не постапила општината по нивната жалба и дали има намера да ги заштити и обештети, но и дали има план за да ја поправи лошата изведба на работите и да го казни изведувачот на истите.
Ако штетата не им биде надоместена и ако не се репарира изолацијата, заедно со оштетените граѓани ќе поднесеме ТУЖБА до изведувачот, надзорот и општината како нарачател на услугата.
Мора да се стави крај на фушерајската изведба на проектите заради екстра профит врз грбот на обичниот човек. Институциите и општинските служби мора да застанат во одбрана на луѓето, а не на компаниите кои за своја поголема заработка, често ги намалуваат потребните и пропишани стандарди.

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО АЕРОДРОМ
31 март, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ