Левица – Битола: Современ противпожарен објект и нови противпожарни возила остануваат во низата предизборни лаги

Левица Битола пожарни возила

Предизборните ветувања дека Битола конечно ќе добие современ објект не се исполнети. Зграда која делумно ќе ги исполнува новите стандарди е уште една лага, а возилата се постари повеќе од 50 години. Безбедноста на граѓаните е секогаш во втор план, но граѓаните нема да ги заборават лагите.

Првата Противпожарна на Балканот и во Македонија е изградена во Битола. Територијалната Противпожарна Единица Битола е формирана со акт на Румелискиот валија за време на владеењето на турскиот султан Махмуд III на 20.05.1836.

Вработените немаат добиено нови услови за работа, единствена е честитката од градоначалничката по повод денот на пожарникарите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА ЛО – БИТОЛА
21 мај, 2021

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ