Пратеничката Драгица Ѓавочанова за нејзиниот тригодишен мандат наплатила 645,477.00 денари за патни трошоци, покрај нејзината пратеничка плата што изнесува над 100,000.00 денари.
️Овој факт, ја става Ѓавочанова помеѓу топ 5 пратеници со најмногу наплатени патни трошоци.
Дали безгласната пратеничка некогаш има земено збор на пратеничката говорница во Собранието на РМ, со цел да даде предлог или да побара решение за веќе постоечките проблеми во Општина Богданци.
Дали во овие три години, пратеничката изусти збор за Регионалниот пат Р 1109, за негова реконструкција, иако сите знаеме дека во предвечерието на изборите, доби гласови и подршка за остварување на овој проект кој е од витално значење за развојот на општината.
Време е, пратениците кои не работат за доброто на граѓаните, а кои ги користат сите бенефити на функцијата, да станат минато.
Левица како политичка партија се залага за патни трошоци во износ од месечна автобуска карта за да не се продолжи ваквата злоупотреба.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
25 мај, 2022