Левица – Делчево: Привремените вработувања во општинската администрација во Општина Делчево бележат драстичен пораст последните 2 години

левица делчево

Земајќи ги во предвид статистичките податоци содржани во Завршната сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година и Кварталниот извештај за 2021 година лесно може да се воочи планот на владејачката структура во Општина Делчево за држење на граѓаните во ” изборно заложништво”.

Имено, само во 2020 година се планирани 4.959.400 денари , а реализирани се 4.864.973 денари за привремено ангажирање на работа. Додека за 2021 година се планирани 3.300.000 денари, а до Првиот квартал од годината се реализирани 808.772 денари за истата намена.

Општината во последните 2 години издвоила од Буџетот цели 5.673.745 денари за привремени вработувања , планира да издвои 9.492.000 денари за купување нови возила, а само 3.100.000 денари вкупно за сите 4 години владеење за социјални бенефиции за граѓаните!

Само општинската администрација е предвидено да го “олесни” општинскиот буџет за 30.032.000 денари , при дефицит од 18.266.446 денари за 2021 година.

Од се’ наведено сосема логично е да се претпостави дека владејачката структура во Општина Делчево ги има насочено сите сили кон финансиско обезбедување на своите партиски послушници и држење во ” изборно ропство” на незанемарлив дел од гласачкото тело во општината.

No photo description available.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕЛЧЕВО
10 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ