Левица Делчево ќе ја поддржи иницијативата за надомест на оштетените домови поради невремето

делчево

290476322 355340156735123 3370228270319434090 nПо синоќешното невреме кое го зафати градот Делчево и околните села, огромните штети кои ги имаат жителите на своите домови и станбени комплекси, а воедно им е неопходна финансиска помош за санирање на истата, апелираме сите засегнати жители од градот и околните села да ги пријават штетите во Општината за да се направат проценки и соодветно да се постапи.

Градоначалникот синоќа изјави дека општината ќе направи проценка на штетите и ќе обезбеди финансиска помош за санација на истите.

Апелираме до градоначалинот Горан Трајковски, Општината целосно да ја надомести штетата на оштетените граѓани како што и самиот рече, во спротивно Левица Делчево соодветно ќе реагира. Потенцираме дека сме отворени за граѓаните за соработка за секое нереализирано барање за надоместок на штета.

Левица Делчево со своите членови и симпатизери стојат на располагање на нашите сограѓани и ќе одговориме на сите нивни потреби!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ДЕЛЧЕВО

26.06.2022г.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ