Левица – Демир Хисар: Ветено – неисполнето: Повеќе пари за граѓаните во општината

Левица Демир Хисар

Со оглед на неспособното менаџирање на локалната власт, парите на народот останаа „заглавени“ во длабоките џебови на локалните господари.

Локалната власт во Демир Хисар без срам ветуваше отворање на нови работни места, а сите знаеме дека работа во Демир Хисар не постои. Обезбедените услови за странските инвестиции (кои ги најавуваа) го дадоа резултатот: НУЛА странски инвестиции.

Доволно е само да се посети сајтот на АВРМ и ќе се види дека оглас за работа во општинава скоро и да не постои!

Левица – Демир Хисар има еден апел до локалната банда: ако имате малку храброст излезете на избори со истиот кадар од минатите локални избори па да видите колку сработивте и каков дебакл ве очекува.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ДЕМИР ХИСАР
25 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ