Целата територија на Западна Македонија е одраз на насилието и безвластието на ДУИ, кои спротивно на Уставот и со најексплицитно деградирање на државните симболи, воведуваат еднојазичност.
Владата на СДСМ е слеп извршител на најшовинистичките апетити на криминалната ДУИ, додека јавна тајна е дека за локалните избори, локалните раководства на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ агитираа за победа на актуелниот градоначалник од ДУИ, Фатмир Дехари. Токму од таму, извира и молкот од овие партии по разнебитувањето на македонските национални интереси и постулати.
Дивеењето, криминалите и насилието кое секојдневно го спроведува ДУИ е директна последица на ситнопартиските интереси за коалиционен партнер од страна на таканаречениот македонски партиски блок.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИЧЕВО
21 јули, 2021