Денес дел од активистите на Левица – Битола, организираа акција на улица „Рузвелтова“ со засадување на дрвца на местото на уништениот дрворед од страна на општината од кадешто испратија неколку пораки со транспаренти.
Зелените површини и урбаниот простор не смеат да бидат предмет на градежно силување.
За жал, штетата која е направена од градоначалничката Наташа Петровска е тешко поправлива.
Да не дозволиме ова зло да се повтори во иднина!
Битолчани не забораваат!
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БИТОЛА
08 мај, 2021