Левица – Неготино оддаде почит на загинатите борци во НОБ

Левица Неготино

Членови на Левица-Неготино оддадоа почит и положија свежо цвеќе на спомениците кај Собранието во Неготино, по повод 78 години од загинувањето на тројца борци во НОБ, родени во Неготино, членови на партизанскиот одред „Добри Даскалов“.

На денешен ден, 10 јуни, во 1943 година од страна на бугарскиот фашистички окупатор биле убиени:

Ило Виларов-Сокол (32 години), убиен на левата страна на Црна Река, на свиок кај Клинска Леса, кој враќајќи се назад со Димката Ангелов – Габерот, Пано Мударов – Фрањо и Стојан Крстев, од Галиште кон Кавадарци, одненадеж ги пречекува дожд од куршуми и рафали од пушкомитралези, каде што и загинуваат; Ацо Аџи Илов-Елисие (24 години), кој кај местото Фариш, под силен оган, пушкомитралези и бомби, е фатен жив и подоцна е стрелан во дреновската клисура; Душан Јураков-Малешев (20 години), кој кај селото Никодин е случајно пресретнат од бугарските полицајци и по долго измачување е стрелан во дреновската клисура.

Да не се заборави!
ВЕЧНА ИМ СЛАВА!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО НЕГОТИНО
10 јуни 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ