Левица поднесе кривична пријава против Љупчо Георгиевски Претседател на здружението “Културен Центар Ванчо Михајлов”

горан ванчо

Пријавениот се терети дека извршил сет на кривичните дела „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ бидејќи:

– најпрво, во својство на овастено лице – претседател на здружението, умислено во просториите кои ги користи здружението во јасно воочлив голем формат дозволил да биде истакнат цитат од Ванчо (Иван) Михајлов, со навредлив јазик кој директно, намерно и недозволиво, а со цел провокација се врши негирање и излагање на подбив на македонскиот народ;

– преку дискриминаторската содржина на објавен фејсбук статус, пријавениот предизвикал разгорување чувство на омраза и нетрпеливост, директно навредувајќи го и омаловажувајќи го македонскиот народ и држава, преку задавање континуитетски граници на постоење на македонскиот народ од 1945 година, па навака, а занемарувајќи го неговото вековно постоење пред тоа.

Со промовирањето на дискриминаторскиот став на контроверзен фашистички колаборационист, близок соработник на фашистичките структури за време на втората светска војна, намерно е изигнориран и изложен на подбив антифашистичкиот карактер на македонската држава, како еден од најважните идеолошки симболи на македонскиот народ.

Пријавениот, сето ова бил должен и морал да го знае, поради што произлегува дека неговото преземено дејствие е целосно свесно и со зла намера да се разгори чувство на омраза и нетрпеливост преку негирање и излагање на подбив на македонскиот народ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

12 мај, 2022

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ