Левица поднесе претставка до Државниот инспекторат за животна средина за санкционирање на инспекторот од Демир Хисар – Игор Димитријовски

ЛО Демир Хисар

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денеска партијата Левица поднесе писмена Претставка во вид на сознание до Државниот инспекторат за животна средина за санкционирање на помладиот инспектор за животна средина од Демир Хисар – Игор Димитријовски. Иако согласно членот 22 – став 1 од законот за инспекциски надзор бил должен да изврши вонреден инспекциски надзор во ситуацијата со палењето на депонијата во близина на Струговско езеро, тој тоа не го направил. Воедно, заклучно до ден 09.06.2022 година (9 дена од палењето на депонијата) тој не го известил Државниот инспекторат за животна средина за оваа опасна состојба.

Со ваквите несоодветно поставени луѓе кои се нестручни и со неадекватно образование, се доведуваме до ситуација на вакво непрофесионално (не)постапување кои го трпи цело општество.

До надлежните институции бараме итно превземање на мерки и санкционирање на сите одговорни лица кои допринеле да се случи ваква еко катастрофа која е опасна и штетна по здравјето на луѓето, природата и материјалните добра!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Демир Хисар

20 јуни, 2022

pretskavka demir hisar

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ