Бројни прекршувања со узурпирање на јавна површина и прикривање на фактичка сопственост.
Неформалниот сопственик на Кафе-Клуб Табу и Ла Пиаца во Прилеп – Горан Сугарески, поранешниот Министер за транспорт и врски, денешен директор на Царинска управа, свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавен простор.
Станува збор за дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите критериуми и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, располагаат со одвод, довод, па дури и парно греење. Очигледно е намерното непостапување на инспекциските служби, под закрила на Сугарески, во заштита на неколку локални сопственици на кафичи.
Прекршенa e Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп од Заклучокот за објавување на програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп, објавен во Службен гласник на Општина Прилеп број 16 од 25.12.2020 и тоа по бројни одредби:
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
06 јуни, 2021