Левица – Прилеп: Сработиле или не, патните трошоци редовно ги прокнижуваат и ги нараснуваат со секој изминат квартал

Петар Ристески Пеката Патни трошоци Левица

Минатите предвремени избори СДСМ, излезе со ветување за укинување на надоместокот за патни трошоци. Ова бомбастично ветување никогаш не се оствари, а следуваше после период во кој, од 2015-та до 2019-та година за патни трошоци (поради користење автомобил во лична сопственост за доаѓање и враќање од работа) на пратениците им беа исплатени вкупно 178.079.681 денари, или 2,8 милиони евра.

И покрај сите овие популистички предизборни ветувања од страна на двете најголеми партии и нивните коалициони партнери за целосно укинување и институционално санкционирање на пратениците, кои ја злоупотребиле функцијата за лично богатење, и ден денес сме сведоци на оваа коруптивно-перфидна постапка со која мноштво пратеници понираат народни пари во сопствен џеб.
Па така, со последните пресметки исплатени се точно 193.000 евра за патни трошоци за последните 9 месеци. На првите 5 места котираат исклучиво пратеници од најголемата опозициона партија (ВМРО-ДПМНЕ), каде имаме извојуван скок од претходно „трето “ место на „второ“, од страна на пратенкот Петар Ристески од Прилеп. Дали амбициозноста и решителноста на пратеникот ќе го издигнат на високото прво место за да заслужено се вброи и влезе во „Куќата на славните“ покрај великаните како Силвана Бонева (ВМРО-ДПМНЕ) и Мира Стојчевска (СДСМ) попозната под надимакот „Мира Дизел“.

Од друга страна, пратениците на Левица кои целосно се откажаа од надоместокот за патни трошоци, во април поднесоа Предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците. Со законот се предлага четирикратно намалување на патните трошоци (од 20% на 5%) – што практично значи дека патните трошоци се сведуваат на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз. Овој закон, како и другите предлози на Левица, неделовнички се чуваат во фиока токму од спикерот Талат Џафери.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ПРИЛЕП
25 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ