Левица се поклони на гробот на Јане Сандански во Пиринска Македонија

278471487_553213086161760_2201621994298645775_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес, највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански – предводникот на левото крило на Организацијата.

Делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа – во Роженскиот манастир – положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци.

Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти.

Санданизмот, во неговите чисти идеолошки позиции, претпоставува дека македонскиот народ може да ја достигне слободата само со сопствени сили – без да се потпира на туѓа помош!

Денес, кога квинслишката власт на СДС и ДУИ во Македонија го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

17 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ