Левица Тетово: Ученици во училиштето „7 marsi” – поранешно „Братство” во село Милетино, учат во услови како од минатиот век

Левица Тетово Милетино

Ова е реална слика на училиште во општина Брвеница. Руинирано, искршено, комплетно нефункционално. Училишната зграда е стара, со крпени прозорци, врати, олуци, која на прв поглед воопшто не ни наликува на училиште. Ништо не наговестува дека тука учат ученици од Милетино.

Жителите на ова село кои и самите учеле во ова училиште велат дека е оставено на милост и немилост.

Училиштето откако е изградено, оттогаш ништо се нема направено. Чатијата ќе падне, не ја одржува никој. Се гледа само да не капе над училниците.

Откако не задолжија до гуша со цел наводни реформи во образование, гласноговорниците на власта најавија дека освен за хонорари, тешко дека ќе останат средства за било што друго поготово за вонградските училишта. Дека ова е вистина, може да се примети од фотографиите. Срамно и под секое ниво.

Левица укажува дека нема да дозволиме квалитетното образование, во секоја смисла, да биде привилегија само на мал број ученици. Левица се залага за целосно државно бесплатно образование, реализорано во достоинствени квалитетни услови, отворено за сите – и за сиромашните и за поимотните – затоа што само така може да се мобилизира целосно интелектуалниот капацитет на едно општество!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ТЕТОВО
24 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ