Левица Виница: Виничкиот “вулкан“ деновиве повторно активен

277578842_123406776946797_1939136255776586853_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Виничката депонија, која за виничани години наназад представува еколошка бомба деновиве повторно беше запалена, ѓубре и чад на сите страни.
Местоположбата на депонијата како и присуството на запаливи материи се потенцијална опасност за поголеми пожари во околината како и за загадување на животната средина и нарушување на квалитетот на воздухот.
Депонијата која е на ниво на ѓубриште е и регионален проблем, бидејќи чадот се шири и надвор од границите на општината па истиот се чуствува и во соседните општини.
Покрај оваа постојат и неколку диви депонии на повеќе локации низ општината кои исто така се потенцијални загадувачи на животната средина и предизвикуваат загадување на воздухот, водите и земјиштето, односно здравјето на луѓето како и лошиот визуелен ефект.
Со години наназад решенијата остануваат само како изборни ветувања, но досега ниту една власт не се погрижи да го реши проблемот со истата.
ЛО Левица Виница ги повикува надлежните од општината да превземат конкретни чекори и конечно да се реши долгогодишниот проблем со депонијата која директно ги засега граѓаните и нивното здравје.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ВИНИЦА
1 април, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ