ЛО Кичево: Директорот Раим Пињоли незаконски одбива упис на првачиња во други основни училишта

Бело Црвено Левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве до нашиот огранок пристигнаа повеќе поплаки од загрижени родители на првачиња.
Се работи за жители кои живеат во северозападниот дел на градот и приградските населби Раштански пат, Осој, Влашки пат, Девејана. Имено, родителите на идните првачиња се одбиени да ги запишат своите деца во основните училишта „Кузман Јосифоски – Питу” и „Др. Владимир Полежина” и се принудени да ги запишуваат првачињата во „Санде Штерјоски”.
Директорот на основното училиште „Санде Штерјоски”, Раим Пињоли, категорично одбива да даде согласност за упис на првачињата во другите основни училишта (со образложение дека му припаѓаат на неговиот реон), иако му се укажува од родителите дека нивните постари деца учат во „Кузман Јосифовски Питу” или „Др. Владимир Полежина”.
Родителите ни сугерираа дека се обратиле и во Министерство за образование, но оттаму добиле одговор дека после децентрализацијата, надлежна e локалната самоуправа на град Кичево. Родителите загрижени и револтирани прашуваат како да им објаснат на своите деца дека треба да учат во различни училишта.
Истиот проблем се појави и кај едно семејство кое живее покрај ОУ „Кузман Јосифовски Питу”, при што двете деца учат во тоа училиште, а третото дете мора да го запишат во ОУ „Санде Штерјоски”, затоа што адресата се води на селото од кај што потекнуваат.
Апелираме овластениот општински просветен инспектор да изврши вонреден инспекциски надзор и да констатира дали има прекршувања на законските регулативи од страна на директорот Раим Пињоли.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА ЛО – КИЧЕВО
22 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ