Луксузирањето на грбот на народот мора да престане!

Левица-лого

Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов и општинската администрација само за календарска година 2020 за угостителски услуги и набавка на храна и пијалоци за потребите на општината потрошиле ни повеќе ни помалку туку вкупно 335 000 денари, или 5500 евра народни пари, додека ЈП Комунална чистота Богданци, 100 000 денари, или 1700 евра!

No description available.

Вака се трошат народните пари од страна на градоначалникот Шапов, директорот на комуналното претпријатие Прочков и општинската администрација за ручеци, вечери , по рестораните и кафеаните низ Македонија .
Овие парични средства можеа да се искористат за да се помогне на одредени групи ранливи категории, да се санираат одредени проблеми низ општината но, нивниот избор беше дека треба да се потрошат на луксузирање и јадење на државна сметка.

Ова луксузирање на грбот на народот мора да престане. Ние како ЛО Левица Богданци сметаме дека вакви трошоци треба да бидат скратени до минимално ниво односно, да има јавен отчет за секое трошење за репрезентација на општината, за народот да знае дека овие средства не се злоупотребуваат туку се наменски потрошени за официјални средби и пречек на видни лица и гости од државата, бизнис секторот, образованието – кои индиректно или директно ќе придонесуваат за напредок на општината.

Овие ручеци од 300 до 500 евра се срам за градоначалникот и директорот на ЈП Комунална чистота.

Избори се ближат и време е тие да си заминат!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО БОГДАНЦИ
26 април, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ