Работниците во „Македонска пошта“ да не подлегнуваат на уцените и притисоците од раководството

makedonska-posta

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица ги охрабрува и поддржува работниците во „Македонска пошта“ да продолжат да си ги бараат неисплатени регреси за годишен одмор (познат како „К-15“) и да не дозволат раководството да ги уценува и замајува.

Го повикуваме трудовиот инспекторат навремено да реагира и да го санкционира јасниот притисок од раководството врз работниците.

Срамно е што директорите на „Македонска пошта“ се дрзнале да бараат од работниците  своеволно да се откажат од тоа што со закон им следува! Наместо да се врши притисок врз работниците и синдикалните организации, Левица предлага раководството во „Македонска пошта“ да донесе одлука со која ќе си ги намали високите плати, заради кризата во компанијата.

Доколку на некои од работниците на „Македонска пошта“ им е потребна правна помош за да си ги остварат со закон предвидените права, слободно нека ни се обратат.

logo vector

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ