Георгиевска: Кражба од сопственото културно богатство

мери-георгиевска-741x445
  • Колумна на Мери Георгиевска, заменик координатор на Левица-Сектор Култура

ПОВОД

Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“ на малата сцена по повод 78 години од првата премиера на националниот театар.

Почитувана Министерке за култура, Бисерка Костадиновска, Ве прашувам дали имате увид во содржината на претстојниот настан, не само pro formа настанот посветен на авторите кои работеле во МНТ од пред 78 години до денес? Вистински увид?

Почитувана моја матична куќа, со која не сакам да влезам во конфликт по нити една цена, но морам и должност ми е добронамерно да ве потсетам дека имате многу грешки во организацијата, кои за жал сега е доцна да ги исправите.

Ќе бидам кратка.

МНТ не започна утре. Нити вчера. Нити пак вечер ќе почне. Има историја. Долга историја.

Како успеавте министерке да го заборавите писателот Венко Андоновски и покојниот Златко Славенски, чии текстови и адаптации се работени во МНТ изминативе децении??

Дали мртвиот човек за вас претставува заборав или не сте слушнале (до министерката) кој е Венко, а кој покојниот Златко Славенски??

Претпоставувам најверојатно откако ја напиша колумната под наслов „О неписменех: Кои сте бре вие?“, не е пожелен да се спомене во рамките на сегашната, вашата идеологија?!

Венко е жив и допрва ќе го читате. Славенски Бог да му душа прости, си замина само 4 месеци после мојот татко, а имаше пред него уште многу живот и креации.

Но, мртвите за вас се под земја и ги нема, нели? За вас сè што е под земја не постои, па така ни историјата, ни традицијата, нити артефактите, туку само формата!

Зошто се исплашивте да ја спомнете претставата „Доле Влада“, на реномираниот автор – професор др. Сашко Насев, во режија на еден од најдобрите режисери во моментов во Македонија, Сашо Миленковски?!

Насловот ли ве уплаши или не сте читале??!!

Па тоа е само театар министерке! Да, театарот, како и секоја уметност, најчесто е политички театар, но и сцена каде треба да се соопшти нешто, не само да се види. Сцена на која треба да се насмее, разбуди или натажи публиката, но заради нешто, со порака!! И истата таа порака да се распара како царски рез за да се дофрли јасно до публиката.

Секоја уметност е есенцијално социјална.

Но, што ако општеството ни е ограничено или не постои воопшто?

Тогаш нема да постои ни театар.

Тетарот во Македонија за жал не постои. Или постои само како форма, без содржина. Некој си игра театар во Македонија.

Во филозофијата на уметноста, се настојува да се објасни иманентната смисла на уметноста во контекстот на другите активности, односно феномени на светот. Се настојува да се продре во потребите од творештвото и неговите механизми.

Тајната на општењето на уметничкото дело со публиката се состои од истражување на онтолошкиот статус на уметноста.

Претставата и публиката имаат интимен однос тие два три часа. А интимниот однос се помни ако бил добар. Со ова се занимавале Хартман, Ингарден, Бензе, Иван Фохт, доколку сте запознаени воопшто.

Поимот естетика – aestezis – на старогрчки значи – осет, сетилност, директно е врзан со спознанието и со теоријата на спознанието, а НЕ со идеологијата и стравот или цензурата да се спомнат еминентни автори кои донеле награди, публика и бескрајни аплаузи на сцената на Македонскиот Народен Театар!

Зошто се уплашивте да го спомнете Љубиша Георгиевски, кој има авторски текстови поставено во МНТ?? Дека е мртов и пупу не важи, или дека имал спротивна идеологија од вашата?!

Зошто ви пречи авторскиот текст „Свето срце“?

Дали Господа Глембаеви, во режија на Љубиша Георгиевски, од 1996, кој покојниот директор Љупчо Петрушевски и публиката, (ја полнеа до 150 и згора изиграни претстави) можеби ве исплаши дека го наговести на самиот крај на претставата доаѓањето на фашизмот со нумерата од чувениот Cabaret – Tomorrow Belongs to Me??

Всушност вие поим немате, немате прочитано и не сте информирана ама воопшто што се случувало во историјата на културата.

И тоа говорам за култура во поновите деценија, две, камо ли подалеку.

Дали ова значи дека ако генијот Семјуел Бекет кој е починат, живеел и творел во Македонија, немало да го спомнат повеќе?

Забележав дека и покојниот гигант од автор Горан Стефановски го додадовте отпосле, односно вчера како и драмскиот автор проф. Др. Сашко Насев. Веројатно по нечија реакција и со право.

Каде е Случајот Елсинор, авторски текст на Љубиша Георгиевски? Дали дека е мртов не сте го спомнавте, забрането ви е да го спомнете како дел од историјата на МНТ или дека имаше реплика (откако се случи предавството на сцената) која гласеше „нешто е труло во државата Данска“ (реплика од Шекспир)?! Или дека во улогата на кралот настапи првакот на МНТ- Владо Јовановски?? Најверојатно од незнаење, што е пострашно од омразата и директивата.

Зборот култура министерке и МНТ, потекнува од латинскиот збор Colere – негува, да негуваш нешто.

Култура е синоним за човечка интервенција во природата, синоним за човечки (хумани) дела и практика.

Што негувате вие? Идеолошка интервенција во природата или синоним за нехумани постапки – раскол во културата?

PS. Дури и да не сте запознаени министерке со случајов во кој има направено непоправливи грешки, дотолку полошо.

Зошто МНТ започнал многу порано.

Првиот директор за потсетување на белата палата како што го нарекувале МНТ во првата половина на 20ти век, веднаш до Ристичева палата бил Брансилав Нушиќ.

Публиката памети. Другото не е важно.

image
image 1
image 2
image 3
image 4
image 5
image 6
image 7
image 8
image 9

МЕРИ ГЕОРГИЕВСКА
01.04.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ