Тринаесет нови инспектори од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се префрлени да работат во СВР Тетово – се пофалија од тамошното раководство.
Министерството на политички систем или како што го доби епитетот во јавноста, „Министерство за вработување партиски кадри на ДУИ“ непречено ја спроведува својата агенда за ДУИзација на државниот апарат!
Следствено, Министерството на Груби составено од кадри, кои во најмала рака потекнуваат од сомнителни структури, не може да се очекува да го чуваат редот и законот како инспектори во МВР! Овој потег е само уште еден од низата чекори што го потврдува градењето на паралелни (етничко мотивирани) структури во безбедносните служби, кои ја подриваат безбедноста на Републиката.
Истакнуваме дека во исто време, десетина полициски службеници од СВР Тетово кои се од македонска националност, се здобија со распределби далеку од местото на живеење како казна за истакнување на знамето од Кутлеш надвор од службена должност. За казната со која се соочија овие полицајци, немаше никаква реакција од ниту еден државен орган, вклучувајќи го и Омбудсманот, со што класично беа деградирани и полицајците и првото македонско знаме.
Етничката сегрегација на СВР Тетово е противуставна и е против начелата за соживот за кои декларативно се залага премиерот Груби!
Останува нејасно до кога газењето на целокупната државна легислатива од страна на функционерите на ДУИ, класичната злоупотреба на институциите од нивна страна, како и користење на истите како систем на репресија против неистомислениците, ќе биде толерирана од страна на државните институции?
06.06.2022г.