Во рамките на Младинскиот Форум за Развој „МОСТ на иднината”, (кој се одржува во Пекинг, претседателот на Црвена Младина – Марио Јанески во своето обраќање ги адресираше проблемите со кои се соочуват младите во Македонија:
- Огромна социјална нееднаквост;
- Невработеноста кај младите;
- Неквалитетното образование;
- Социјална исклученост;
- Нерешено станбено прашање
Притоа, Јанески ги потенцираше спрегите помеѓу разните НВО-а, неолибералната пропаганда и националните предавства, како главни предизвици и пречки за подобрување на животот на младите, напоменувајќи ја и визијата на Левица за регионална и глобална соработка на младите од Централна и Источна Европа со Народна Република Кина и земјите вклучени во иницијативата Појас и Пат.
Н.Р Кина ја препознаваме како клучен фактор во создавањето на новиот мултиполарен свет и младите со визија и храброст имаат одговорност да ги предводат геополитичките промени кои се случуваат во светот.
Во униполарен свет, каде што една хегемонистичка суперсила ги разрушува земјите со мала и средна политичка, економска и воена моќ, младите од истите земји немаат друг избор освен да се иселуваат, и затоа Левица ќе продолжи да ги зацврстува и продлабочува своите врски со сите држави.
Во знак на благодарност и со надеж за понатамошна долгорочна заедничка соработка на младите од Македонија и НР Кина, на организаторите им подаривме една од 150-те монети со ликот на Гоце Делчев, која беше издадена од страна на Левичарскиот институт – Рацин, во чест на 150 годишнината од неговото раѓање.
30.03.2023