Мнозинството пратеници не се откажуваат од своите привилегии со цел да им излезат во пресрет на граѓаните

patni ekonomska

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во последниве шест месеци, Собранието на Република Македонија исплатило околу 6 милиони денари за патни трошоци и близу 600.000 денари за апанажа на државните функционери – или вкупно исплатени се неверојатни 6.600.000 денари (107.000 евра) за комплетно непродуктивни трошоци, кои во услови на економска криза можеа да бидат соодветно пренаменети за да се излезе во пресрет на обичниот народ, во услови на галопирачка инфлација.

Очигледно пратениците не се осмелуваат да се откажат од своите привилегии, иако согласно Уставот, тие се само демократски избрани посредни претставници на народот и треба исклучиво да дејствуваат во насока на исполнување на интересите на народот. Државните функционери продолжуваат да ги уживаат аморалните државни привилегии, за сметка на грубото обезвреднување на трудот на обичните работници.

Пратениците, особено тие од СДСМ и ДУИ, не ги исполнуваат своите основни уставни обврски и во континуитет работат деструктивно и против интересите на граѓаните.

Имено, неколку пати до сега, пратениците од владејачкото мнозинство гласаа убедливо против предложените закони од страна на пратениците на Левица, кои предвидуваа подобрување на работничките права и економската положба на мнозинството граѓани, а особено изгласувањето на истите ќе имаше позитивен импакт врз приходите во државниот буџет. Со таквиот принцип на функционирање, власта покажа дека не работи во интерес на народот, туку во интерес на заштита на капиталот на елитите.

Доколку пратениците од СДСМ и ДУИ не ги блокираа овие предлог-закони, во моментов:

пратениците ќе земаа надоместок за патни трошоци во висина на повратен автобуски билет, како и сите останати работници ширум државава;

апанажата за државните функционери или ќе беше укината или сите работници ќе земаа апанажа под исти услови како државните функционери;

исплатата на платите ќе мораше да се врши до 5-ти во месецот;

-работникот ќе имаше обезбедена поголема сигурност во работниот однос, преку значително намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци;

-ќе беа материјално обештетени стечајците;

-студентите ќе добиваа зголемен надоместок за студентски оброк;

-посебниот додаток за децата со попреченост ќе беше двојно зголемен;


-граѓаните ќе плаќаа за 50% пониски патарини од досегашните, а за во иднина секое отварање на нова наплатна станица ќе мораше да помине преку пратениците, а не тоа паушално да го прави Владата по нејзин личен став;

ќе се подобреа условите за работа на земјоделците преку гарантирање на правото на исплата на продадените земјоделски производи и навремена исплата на нивните средства.

Дополнително, минималната плата се покачи на 18.000 денари по директна заслуга, токму на пратениците од Левица, бидејќи тие беа први кои го поднесоа законот за нејзино покачување и ја притиснаа власта на побрзо дејствуавање во таа насока.

Левица е единствена политичка партија чии пратеници целосно се откажаа од привилегиите кои им следат, останувајќи доследна на своите анти-естаблишмент политики, а во насока на заштита на социјално обесправените и овозможување на суштинско практицирање и уживање на придобивките од демократијата.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

17 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ