Во речиси исполнет капацитет на модуларната болница нема централен довод на кислород.Од вкупниот расположлив капацитет, речиси 90% од пациентите се на кислородна подршка.
Додека Владата се фали со отворените модуларни болници, истите се без централен довод на кислород, па затоа вработените се принудени да носат и по стотина боци со кислород, кои се тешки и до сто килограми.
Изговорот на директорката на кумановската болница е дека нема доволно буџетски пари за да се санира овој сериозен недостаток и да се олесни работата на исцрпениот медицински персонал.
ЈАВНО ПОВИКУВАМЕ ДО ВЛАСТА НАМЕСТО ДА ТРОШАТ ПАРИ ЗА ЛЕТАЊЕ СО ХЕЛИКОПТЕРИ, НАБАВКА НА ЛОСОСИ И МОРСКИ ПЛОДОВИ ВО ВРЕМЕ НА ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, СРЕДСТВАТА ДА ГИ ПРЕНАМЕНАТ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА БОЛНИЦИТЕ НИЗ ДРЖАВАТА !
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЛА ЛЕВИЦА – ЛО КУМАНОВО
11 април, 2021