Национализацијата не е забранета од европската легислатива и повеќе не е табу тема

левица црвено

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во услови на криза, кога претпријатија од клучните сектори на индустријата не се во можност да ја обавуваат својата дејност на пазарот и да остварат задоволителен профит, национализирањето е решение што сè почесто се практикува во ЕУ. Спротивно од неолибералниот наратив дека национализацијата се коси со договорите на ЕУ кои ја поддржуваат пазарната либерализација, членот 345 од Договорот за функционирање на ЕУ јасно вели дека “договорите на никаков начин нема да ги нарушат правилата на земјите-членки кои го регулираат системот на сопственост.”

Последните 15 години покажаа дека во време на криза, држави како Германија и Шпанија се подготвени на национализација на банки, па под државна сопственост припаднаа 25% од Германската Комерцијална Банка (2009) и 45% од Шпанската Банкиа (2012). Кризата за време на пандемијата дополнително го поттикна бранот на државно учество во приватни фирми, па Германија доби сопственички удел во Луфтханза (2020) и ТУИ АГ (2021), Финска во Финаир (2021), Латвија во АирБалтик (2020) и Данска и Шведска во САС (2020).

330351353 2438547312972847 4527522039322608746 n

Проблемот со големите пекари и новонастанатата ситуација во која се одбива да се продава леб по регулирана цена, може и е во духот на ЕУ да се решува со делумна или целосна национализација. Доколку овој клучен сектор продолжи да не испорачува леб за граѓаните, Владата мора и ова решение да го разгледа и да не го третира како табу тема.

Тврдењета на пекарската индустрија дека не се во можност да ги намалат своите цени е неиздржано. Оваа индустрија со месеци е привилигирана и плаќа субвенционирана струја. Дополнително, откупот на пченицата во 2021 се одвиваше по мизерна цена од 8,5 денари, а во 2022 Владата дозволи пекарите ефтино да откупуваат пченица од Србија. Високите цени се евидентно хир на бизнис олигархијата, која својот интерес го става над колективното добро.

Моменталното регулирање на цената на лебот не е совршено решение поради својата класна агностичност – тоа не умее да разликува помеѓу средна класа (мали пекари) и висока класа (големи пекари). Но, регулирањето е чекор напред во насока на заштита на граѓаните и нивниот стандард. Затоа не треба да се потклекне пред уцените на пекарската индустрија, туку да се награди регулацијата и евентуално да се проблематизира сопственичката структура во овие претпријатија.

Левица, во духот на својата автентична левичарска идеологија, цврсто застанува на страна на работниците и сиромашните кои се најсилно погодени од високите цени на лебот, а против големите пекари кои го оставија народот без леб.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

03.03.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ