Народ кој има вакви одговорни за образование, нема ниту образование

Душан Томишиќ советник МОН Мила Царовска

Душан Томшиќ, советник во МОН, подетално ја објасни идејата за дигитализација на наставата за време на неговото гостување на МРТ.

Тоа што ниту тој, ниту ресорната министерка не го објаснуваат, затоа што не може да се објасни никако, освен со зборовите: НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО, е од кои причини им е потребен нов Закон за учебници. Уште еднаш нагласуваме: воопшто нема потреба од донесување ваков закон, за да се осовремени наставата.

Настрана од тоа, според советникот, идејата за осовременување е таква што децата да седат во клупа со тетратка, молив и зелена/бела табла пред себе?! Во училишта без санитарни јазли, со уништени подови, со покриви кои прокиснуваат? Не е мал бројот на училишта во кои нема централно греење, па во училниците чадат ќумбиња.

Имено, според советникот, фамозните дигитални учебници учениците ќе можеле да ги користат дома? Очигледно дека ниту министерката – автократка, ниту нејзиниот тим, не ја сфатиле основната дејност на училиштата, каде децата треба да учат и да се надградуваат. Учењето не е за дома и не само за тиј кој може да си дозволи!

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
10 јуни, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ