Нема човекови права во земјата на привилегиите на СДСМ

заев - ковачевски

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Авторитарноста на досегашните македонски власти отворено се изразува во низа домашни и меѓународни извештаи низ годините. Сегашната на СДСМ, која ја надополни праксата на претходниот режим, заедно со нивниот обединител ДУИ, во изминатите години покажува немарност кон имплементацијата и промоцијата на инструментите за заштита на човековите права.

Во нашиот случај, зад палката на оваа авторитарност, се наоѓаат либерални, бизнис партии. Изминатите години, кои ги поминавме во отсуство на било каква економска политика, укажуваат дека немарноста кон човековите права во државата е само одлика на аворитарноста на режимот. Авторитарниот режими, за пример, својот легитимитет го оправдува преку цел а не преку избори, па така, новата верзија за владата на СДСМ се консолидира преку цел за европска иднина која секако не се случува.

СДСМ која има Европска афилијација, е потполно анти-европска партија. Повеќе од се, номинално-демократскиот сојуз е само номилана партија – со номинално социјалдемократска идеологија, со номинална политичка платформа. Суштината на политичкото во оваа партија е трговското. Затоа, го гради и надоградува светот на привилегиите на кој политичките партии сложно му посветуваат внимание веќе 30 години.

На 15-ти март оваа година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го претстави извештајот 2021 година. Но, пред да ги разгледаме тие податоци, вредни за спомнување се и оние од извештајот на Амнести Интернешнл за Република Македонија од 2021 година.

Дури пред почетокот на текстот, Македонија се спомнува со примерот на прислишкувањето во оркестрација на директор на ДБК, кој како што сега веќе знае и јавноста, ја доби заштитата од режимот на Заев и Ковачевски, иако неговото гонење беше картата која тие на изборите од 2016 година ја изиграа.

Во содржината на извештајот, се започнува со забелешки за инстанци на измачување и малтретирање. Во февруари 2021 година, до Европскиот суд за човекови права пристигнале две претставки за сомнителни околности на смрт во затвор во 2017 година – Владата договорила исплата на сума од 12 илјади евра со родителите на еден затвореник од ромската заедница, и со сестрата на друг.
Во Мај, Европската комисија за спречување на измачување, по посетата во 2020 година, посочува за хронично малтретирање, полициска бруталност и повреда на други права на приведените. За пример, затворот во Идризиво, во кој се сместени 47 отсто од затворениците, се карактеризира со изложување на затворениците на нечовечки услови. Во извештајот се нагласува КОНСТАНТНА неспособност на властите да се осврнат на системските недостатоци во затворскиот систем.

Се спомнуваат и повреди на слободата на говор, како и напади на новинари и намалување на глобите за клевета. Дополнително, загрижувачки е примерот со повредата на правото на протест на граѓаните од Тетово поради смртта на 14 лица при пожарот во модуларната болница за лица заболени од КОВИД-19 на 8-ми септември. При протестот, пет лица се лишени од слобода, а за двајца за учество во толпа по 38 дена притвор изречена е едногодишна условна пресуда.
Понатаму, еклатантен е примерот со инцидентот на повреда на низа човекови права наречен “Јавна Соба”, кој се однесуваат на жените и девојките, при што правдата не се задоволи на задоволителен начин. Жртвите не добија ретрибуции, ниту измените во кривичниот законик придонесуваат до превенција и обесхрабрување на идни мизогони и криминални дејствија. Долгата низа се надополнува со примери за дискриминација по етничка основа, особено на Ромите, класна положба, род, сексуална ориентација, како о несовесното однесување кон бегалците.

Во споредба со општото доживување на граѓаните, како и горенаведените податоци, тоа што можеме да го забележиме од извештајот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, е нецелосно посветување кон промоцијата и заштитата на човековите права. Извештајот се однесува на 90 претставки од 2021 година, и 77 претставки од 2016 година до 2019 години, кои биле доставени до претходната комисија. Интересно е тоа што, иако по член 21 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, се предвидува дека КСЗД поведува постапка за заштита од дискриминација по службена должност, од сите претставки, само 1 отсто биле поднесени од комисијата. Дополнително, 60 отсто од претставките ги доставиле физички лица, додека 32 отсто правни лица.

Податиците откриваат дека, комисијата не ги користи своите надлежности и делува пасивно, додека инструментите кои требаат да бидат оставени на располагање на граѓаните, не се промовираат. Несоодветната пропорција помеѓу доставените претставки од физички лица и од правни лица ни ја отсликува состојбата во општеството која ги интегрира фирмашките интереси поефективно од граѓанските.
Како надополнување на очајните бројки, доставените претставки се пристигнати од урбани средини во 94 отсто од случаевите, за разлика од руралните средини. Од урбаните средини, 92 претставки се пристигнати од Скопје, додека на второ место е Битола со 7, и понатаму во надолна тенденција. Расцепот кој се забележува, е алармантен пример за недостатоците на Владата во оваа општествена сфера.

Останатите индикативни податоци се оние кои се однесуваат на претставките кои ги поднеле мажи и жени, кадешто односот е 60 отсто наспрема 40, како и основите по кои граѓаните и правните лица ги поднеле овие претставки а се однесуваат најмногу врз основа на личното својство и општествениот статус.

Како досега, така и понатаму, не очекуваме подобрување на состојбата со човековите права и заштитата од дискриминација за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, иако е крајно време за менување на насоката во која општеството се движи со децении. Сепак, сите овие проблеми се само мал дел од состојбата во која деградираат сите животни услови, права и слободи на граѓаните.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – Политички систем

11 мај, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ