Нема најава за проектот монтажни катни гаражи од Градоначалникот Ѓорѓиевски

кисела вода

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Изминаа осум месеци од кога новата локална власт на ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ветија дека во првата година ќе започнат со изградба на монтажни катни гаражи во населба Драчево (Парк на бранители), во урбана заедница Расадник, во урбана заедница 11 Октомври (згради) и урбана заедница Цветан Димов.

Дополнително, градоначалникот на Кисела вода ветуваше дека по барања на граѓаните ќе постават монтажни катни гаражи на нивна посочена локација. Денес сме сведоци дека после осум месеци ништо од ветеното не е започнато, а камоли да е изградено.

Граѓаните на Кисела Вода му дадоа мандат на Орце Ѓорѓиевски да биде татко на општината и да работи во нивен интерес, но очигледно е дека тој ја практикува истата политика како и неговите претходници.

Недостигот на паркинг-простор и узурпираните тротоари е еден од најголемите проблеми на жителите на Кисела Вода.

Јавно го прашуваме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски зошто нема никаква најава за проектот монтажни катни гаражи и зошто директно ја опструира иницијативата за катна монтажна гаража спроти домот Пелагонија, која ја предложи советничката група на Левица.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Кисела Вода

20 јуни, 2022

KISELA VODA NE ISPOLNETO

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ